GTIN-от обезбедува решение за глобалниот синџир на снабдување преку идентификација на секоја трговска единица на која може да се стави цена, да се нарача или фактурира во било која точка од синџирот на снабдување и секаде каде што има потреба од добивање на пре-дефинирани информации. Уникатната идентификација на трговските единици е критична за ефикасноста на операциите од кои зависат деловните партнери при размена на информации за продуктите на усогласен начин. Истата обезбедува глатко одвивање на сите операции во рамките на глобалниот синџир на снабдување. Да сумираме, трошоците се минимални кога сите партнери во синџирот на снабдување се придржуваат кон Стандардот за менаџирање со Глобалниот број на трговска единица.
Овој стандард е развиен во согласност процесот познат како GS1 процес за глобално менаџирање со стандарди (GSMP) и се смета како дел од GS1 системот на стандарди.