Нови продукти се сите оние кои не постојат во продуктното портфолио на сопственикот на брендот и се нови на пазарот. Новиот продукт треба да се смета како „дополнување“ на понудата со продукти. Правилата за менаџирање со GTIN броеви наложуваат да за нов продукт секогаш се доделува нов уникатен GTIN број за тој продукт биде одделен како нов продукт од сите останати продукти кои паралелно со него се нудат.
Промените на постојните продукти се сметаат како „заменети продукти“ (претходната верзија нема повеќе да постои, штом новата верзија се пушти во промет). Правилата за менаџирање со GTIN броевите конкретно дефинираат промената на кои параметри покренува доделување на нов GTIN.