Под функционалност се подразбира конкретна употреба или употреби за што даден продукт е наменет. Под поимот формулација се подразбира листа на состојки или компоненти од кои се состои трговската единица.
Доколку промена на формулацијата или функционалноста влијае врз содржината на регулаторните барања за декларацијата на пакувањето на продуктот и доколку сопственикот на брендот очекува потрошувачите или партнерите од синџирот на снабдување да прават разлика од претходниот продукт, тогаш само ако се исполнети претходните два услови се доделува нов GTIN број.