Нов продукт е продукт кој што моментално не постои или не е достапен за продажба и претставува дополнување на продуктното портфолио на пазарот на сопственикот на брендот.
Any new product requires the assignment of a GTIN
Нов GTIN за:
Item
Повисоко ниво на пакување
Хиреархиско доделување на GTIN
GTIN број се доделува на потрошувачката единица или на основната единици во хиерархијата на пакување.
Уникатен GTIN број се доделува на сите нивоа во хиерархијата на пакување кои се наоѓаат над потрошувачката единица/основно ниво на пакување.
Пример на деловни сценарија кај кои е потребно доделување на нов GTIN број
Во производствената линија се подготвува пуштање на продукт со вкус или арома на продукт кој што во моментот не постои во продуктното портфолио на сопственикот на брендот и овој продукт ќе биде дополнување на другите вкусови и ароми од продуктното портфолио.
Производител на мобилни телефони додава мобилен уред со нови функции во својата понуда.
Пакувањето на даден продукт е на англиски, производителот создава пакување кое е само на шпански јазик од истиот продукт.
Сезонска модификација на продукт каде потрошувачот/трговскиот партнер очекува да биде во можност уникатно да го нарача точно тој продукт (таа сезонска модификација).
Нов модел на телевизор со нови функции, на пример WiFi и опции за споделување на видео
Нова маичка вклучува различни димензии и бои (S, M, L, XL итн.) Секој стил, боја и варијација на големина се смета за уникатен продукт и на секоја варијација се доделува уникатен GTIN.
Годината на производство на вино е различна и квалитетот на бербата е различен, квалитетот е различен во споредба со претходната година и ова вино се сметка како нови и уникатен производ на кој се доделува нов GTIN, a со цел потрошувачот да го разликува и да може да го идентификува вистинскиот квалитет на виното.